АктуелноЛокално

Во гимназијата „АТА“ – Центар Жупа се запишале само 10 ученици

Во првото пријавување во прва година во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа запишани се само 10 ученици, што е 14,7 отсто од предвидената квота.

Пријавени беа 10 и сите се запишани. Од нив тројца ученици се за настава на македонски и 7 на турски наставен јазик. Тоа значи дека од вкупно предвидените 68, во две паралелки, наполнети се дури 58 ученички места, од нив 31 за паралелката на македонски и 27 на турски наставен јазик, рече за МИА, Сабри Асан, директор на гимназијата.

Очекуваме, додава тој, бројот да биде поголем во второто пријавување, но имајќи ги предвид бројките од минатите години, тешко дека предвидената бројка може да биде пополнета.

Тоа поради масовната миграција, каде живее над 60 отсто од некогашната популација на општината, што последователно услови намалување на бројот на учениците.

Секако, тука и фактот што некој од завршените осмоодделенци се запишуваат во средни стручни училишта во државава а некој заминуваат кај своите родители во странство.

Мал број на запишани има и во дебарската гимназија „28 ноември“ или само 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота.

Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, од предвидените 170, додека 14 од предвидените 102 ученика за македонски наставен јазик.