АктуелноЛокално

Апасиев ја откри бистата во чест на убиениот младинец од Ваташа

Денес, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, ја откри бистата на Ристо Ѓондев, младинецот од Ваташа, кој пред 80 години беше сурово застрелан од бугарскиот фашистички окупатор.

Во Одборот за реализација на проектот за поставување на дванаесет бисти и изведба на спомен соба во месноста Моклиште учествуваше и членот на Советот на Општина Кавадарци од редовите на Левица, Круме Богевски.

Покрај откривањето на бистата, претседателот Димитар Апасиев искажа почит и ја посети и новата спомен-соба, каде ќе се чуваат лични предмети, фотографии, мемоари и писма, како сведоци на животот и споменот на прерано загинатите деца од Ваташа, кои бугарскиот фашист ги осуди на смрт затоа што помагале на партизаните кои се бореа за слободата на македонскиот народ.

Во денешно време, кога се соочуваме со бројни предизвици, да ја потсетиме јавноста за значењето на паметта на загинатите младинци и нашата историја. Може многу да научиме од нивните жртви и храброст, а нивната борба не смее да биде заборавена. Само со секојдневна почит и сочувување на нивните идеали можеме да го зачуваме интегритетот на македонскиот народ, идентитет, историја и нација.“ – се вели во соопштението од Левица.

Понатаму тие додаваат:

Да го чуваме споменот на Ристо Ѓондев и другите загинати младинци од Ваташа, да го чуваме нивниот аманет и да се потрудиме никогаш да не се повтори!“ –