АктуелноЛокално

Иницијативата на Левица за Здружението „Културен центар Иван Михајлов” пред Уставен суд

Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”.

Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани.

Како што информирааат од Судот, подносителот наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на  национална омраза и нетрпеливост.

Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

На дневен ред на седницата е и иницијативата за оценување на уставност и законитост на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита „Службен весник бр.104” од 23.05.2019 година, член 1 став 1 точка 1 од Правилникот за начин на издавање, продолжување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници („Службен весник бр.79” од 26.03.2020 година).

Според подносителката на иницијативата, во членот 236 став 1 и 2 од Законот за социјална заштита кој ја регулира постапката за лиценцирање, образовните профили кои можат да се стекнат со општа лиценца за работа не кореспондираат со членот 194 став 1 од истиот закон бидејќи сите стручни работници во установите за социјална заштита наведени во членот 194 став1  и членот 197, освен правник, педагог, социјален работник и психолог се дискриминирани во постапката за лиценцирање.