Бездникин: Русија ја брани својата земја и својот народ
- Извадок од говорот одржан на приемот по повод Денот на Русија на присутните им се обрати Амбасадорот на Русија во земјава Сергеј Баздникин:
„Срдечно ве поздравам на приемот по повод државниот празник – Денот на Русија, кој се слави на 12 јуни, на годишнината од усвојувањето во 1990 година на Декларацијата за државен суверенитет.
Ова е „млад“ празник. Но, знаете дека историјата на руската држава е стара повеќе од илјада години, таа е богата со подвизи и достигнувања – величествени и трагични.
Русија не еднаш мораше да го брани правото на постоење. Секој век на нејзините граници се појавувале странски освојувачи, кои, сепак, ништо не научиле од неуспеси на нивни претходници – им се чинеше дека ќе успеат да ја покорат. Но, не успеле…
Нашите предци по цена на огромни напори и несебична храброст ја сочуваа својата родна земја и ни ја предадоа во аманет. Добро се познати зборовите на Светиот благоверен кнез Александар Невски – кој ќе дојде кај нас со меч, од меч и ќе умре. Навистина пророчко изрекување…
Денес Русија повторно треба да се бори за слобода и независност. „Колективниот Запад“ минатата година премина од лошо прикриено непријателство во однос на нашата земjа кон фактичко учество во конфликтот на страната на Киев. Криејќи во исто време зад Украина – всушност, неодвоив дел на Рускиот свет – коjа беше претворена во „анти-Русија“, во алатка за еднократна употреба за да ни нанесе максимална штета, „стратешки пораз“.
Убеден сум дека сите присутни разбираат што се случува во текот на специјалната воена операција, за што се борат Вооружените сили на Русија. На оние кои до неодамна нè уверуваа во добри намери и желби за развивање на заемно корисна соработка, а сега шират русофобна пропаганда и испраќаат оружје на исток за да убиваат Руси, им потсетам: ние ги браниме нашата земја и нашиот народ.
Ќе продолжиме да го правиме тоа – доследно и ефикасно. Ние свето ги чуваме заветите на херојски предци – од древнеруските кнезови – Киевски, Новгородски, Владимирски, Московски – до победници на фашизмот. Сметаме дека е неприфатливо и срамно да ги предадаме националните интереси, да им прислужуваме на самопрогласените „хегемони“ кои, доколку навреме не бидат спречени, ќе го фрлат светот во бездна.
Денешната конфронтација очигледно ќе одреди иден облик на светот. Дали ќе се втурне во хаосот на конфликти, во кои блокот, кој бара да биде светскиот џандар, ќе ги уништи оние што се непожелни, ќе ги дели земјите и народите на „правилни“ и „неправилни“, поробувајќи ги вторите? Или човештвото ќе се врати кон почитување на принципите содржани во Повелбата на ОН кои обезбедуваат рамноправност на суверени држави и народи? Да потцртам – рамноправност на сите, а не само на „избраните“, кои го наметнуваат озлогласениот „поредок заснован на правила“, што всушност значи дека нема никакви правила за нив.
Очекуваме дека на крајот ќе преовлада разбирањето за отсутство на алтернатива за безусловно почитување во практика на принципите на Повелбата на ОН во нивната севкупност и меѓусебна поврзаност, потребата за ажурирање на архитектурата на глобалната безбедност.