Во Слупчане се краде струја од над 1 милион евра годишно

Во кумановското село Слупчане екипите на ЕВН имаат проблем да ја реконструираат и модернизираат мрежата. Повеќе од 200 селани вчера се собрале на влезот од селото и не им дозволувале влез на екипите на ЕВН да работат, јави ТВ Алсат.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра или процентуално 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се наплаќа.

А во Арачиново пак тројца мештани не им дозволуваат од ЕВН да работат. Поради нивното нехумано однесување, 160 жители се без струја.

„Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа”, информираат од ЕВН.