АктуелноЛокално

Националните предавства на партијата ВМРО-ДПМНЕ

Национално предавство број 1.

Оваа партија дојде на власт во 1998 година ветувајќи му на народот ревизија на целата криминална приватизација претходно спроведена од СДС, и враќање на украденото кај народот.Ништо од ревизијата не направи, туку со исто темпо продолжи со приватизацијата.

Национално предавство број 2

Во 2001 година, претседателот на државата од оваа партија и врховен командант, и премиерот на владата, не успееја да го одбранат територијалниот интегритет и суверенитет на земјата и потпишаа капитулација под диригирани услови. За ова не си поднесоа оставки ниту одговараа пред законот.

Национално предавство број 3

Иако водеше кампања против новата територијална поделба и имаше неуспешен референдум 2004година, оваа партија ветуваше дека кога ќе дојде пак на власт, ќе ја врати претходната територијална поделба на општините во државата. Партијата дојде на власт и остана цели 11 години, но ова ветување не го исполни.

Национално предавство број 4.

Партијата потпиша Мајски договор или формирање на таканареченена Пржинска влада, неизбрана од народот на избори.

Национално предавство број 5.

Партијата потпиша формирање на паралелна обвинителска институција СЈО, за гонење на кривичните дела од нелегалното прислушување која што заврши со тотален распад и недоверба на граѓаните во системот.

Национално предавство број 6.

На протестите во април 2017 година, маса народ вриеше пред Собранието. Лидерот на партијата со своите луѓе тргна кон влезот на Собранието и по него тргна и народот. Но пред вратата, лидерот на партијата заврти десно со своите луѓе и не влезе во Собранието, а ова не го виде масата народот и тие влегоа внатре. Насанкани од лидерот на партијата голем број на невини луѓе завршија во затвор.

Национално предавство број 7

Пратеници од партијата гласаа за промена на уставното име на Република Македонија во Северна.

Национално предавство број 8.

Иако лидерот ветуваше активна блокада на институциите со цел не прифаќање на таканаречениот “Француски предлог” до распишување на нови предвремени парламентарни избори, активната блокада стана кооперативно учество.

Почитувани пријатели,После вчерашниот ден во исчекување сме на новото 9то по ред национално предавство на партијата ДПМНЕ, а тоа е промена на Уставот на Република Македонија со која промена македонскиот народ нема да биде единствен конститутивен народ на оваа држава, а ќе ни се придружат и бугарите.

Иако Република Бугарија не признава како држава, таа не не признава како посебен македонски народ, туку не смета за србизирани или неосвестени Бугари. Со промената на Уставот ние ќе бидеме на чекор до остварување на нивниот вековен сон за еден народ во две држави.

  • Преземено од Фејсбук статус на Никола Петров