АктуелноЛокално

Советниците на СДСМ не ја поддржаа иницијативата за споменик на бранителите од Диво Насеље

На вчерашната Седница во Советот на Општина Куманово на дневен ред се најде иницијативата на Левица за изградба на спомен обележје на бранителите, кои ги загубија животите во терористичкиот напад во Диво Насеље.

Советникот Никола Лазаровски оваа иницијатива ја поднесе на 10-ти мај, кога се одбележуваше осум годишнината од терористичкиот напад.

Советниците на СДСМ која тогаш го користеше овој напад за политички поени, на седницата не ја поддржаа идејата за изградба на споменик. Фактот дека министерот за правда Кренар Лога потврди дека е отпочната процедурата за префрлање на осудените терористи во косовските затвори дополнително ја бранува јавноста.

„Советниците на СДСМ уште еднаш го покажаа вистинското лице на партијата, која тогаш овој немил настан го злоупотребуваше заради собирање на политички поени и не гласаа „ЗА“ иницијативата да се изгради споменик за оние кои ги изгубија животите во терористичкиот напад“ – стои во соопштението на Левица.

Овој настан предизвика бура негативни реакции дури и кај гласачите на СДСМ, но засега од партијата нема објаснување зошто не ја поддржаа изградбата на споменик на македонските бранители.