АктуелноИнтернационално

Специјалниот претставник на Кина ја повика Европа да размисли за причините за украинскиот конфликт

Специјалниот претставник на кинеската влада за евроазиски прашања, Ли Хуи, во петокот предложи неговите европски колеги да размислат зошто се разви украинскиот конфликт и зошто Русија започна специјална воена операција во Украина. Кинескиот претставник зборуваше како одговор на прашање на новинар oд Западот кој побара од него појаснување.

„Кога бев во Европа, ги поканив моите колеги од европските држави добро да размислат за основните причини за украинскиот конфликт“, рече Ли на брифингот со новинарите на Кинеската асоцијација за јавна дипломатија во Пекинг по неговата меѓународна турнеја.

„Сите можат добро да размислат и да извлечат свои заклучоци“, рече Ли.

При објаснувањето за причините за специјалната воена операција тој се осврна на аргументите на Русија.

„Прашувате зошто Русија презеде такви акции. Јас ќе ви одговорам со една фраза, која моите руски колеги ја споделија со мене“, рече Ли. „Тие ја започнаа операцијата за заштита на животите, имотот и безбедноста на жителите на Донбас.‘‘

Како што прецизираше кинескиот дипломат, без оглед на причините за украинската криза „неопходно е да се врати мирот што е можно поскоро преку преговори на политички начин“

На 15-26 мај, Ли Хуи ги посети Украина, Полска, Франција, Германија, седиштето на ЕУ и Русија. За време на ова патување, тој се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски и со дипломати од овие земји, меѓу кои и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Задачата, како што потврди Ли, била да се разговара за украинскиот конфликт.