Сексуално насилство во скопско училиште, одговорните вложуваат напор да го заташкаат случајот
Како и дали институциите во Македонија се справуваат со насилството во училиштата? Дали случувањата во регионот пошироко ги отворија очите на одговорните во однос на булингот? Каква е ситуацијата во училиштата и дали се преземаат конкретни мерки?
Мајка на првоодделенка во едно скопско училиште низ солзи посведочи за молкот и незаинтересираноста на надлежните, кога нејзината ќерка и нејзина соученичка на училиште доживеале сексуален булинг од пет момчиња-соученици, кои насилно ги допирале по гениталиите. Тоа се случило во неколку наврати во текот на денот, меѓу кои и на час, при што едно од девојчињата се обидело да ѝ објасни на наставничката, но таа останала незаинтерсирана.
Откако мајката го пријавила случајот во училиштето, наставничките се потпишале на изјава дека такво нешто не постои, односно дека насилство во училиштето немало.
Сепак тоа не е единствен случај, таа тврди дека во конкретното учиште владее постојано премолчување, минимизирање и туркање под тепих на проблемите со секаков вид на насилство, а основната пречка е во тоа што кога ќе се пријави никој не презема ништо. Претходно, во изолиран случај, нејзината ќерка била влечена за облеката, од што девојчето имало црвени траги околу вратот кои подоцна помодреле.
Иако најтранспарентно го пријавила случајот за сексуалното насислтво и разговарала со сите во училиштето во крикот за помош и едукација на соучениците кои ја изложуваат првоодделенката на булинг – наишла на ѕид и туркање на предметот под тепих.
Декаденцијата во педагошките вредности и неефикасноста на стручниот кадар во ова училиште, кулминирале, кога една од наставничките во комуникација со друга родителка ѝ кажала дека „и нивните девојчиња не се цвеќе за мирисање“, дека се „понапредни и провоцираат со својот изглед“. Станува збор за девојчиња на возраст од шест години.
Директорката на училиштето за овој случај кажала дека е „театар“ и дека „седумгодишни деца не можат сексуално да бидат вознемирувани“.
Родителката е резигнирана од состојбата во која е наоѓа, ем нејзиното дете да биде жртва, ем нејзината пријава да биде доживувана како „театар“.
На мејл адресата што Министерството за образование и наука го отвори, исто така случајот бил пријавен од таткото на девојчето, но сѐ уште ништо не е преземено.
Линк до изворот на сторијата: slobodenpecat.mk