АктуелноЛокално

Трибина: Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Почитувани, Ве покануваме на трибината „Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби”, која ќе се одржи на 10 јуни (сабота), со почеток од 17 часот, во хотел „Јуник” во Охрид.

Политичката корупција, градежната експанзија и отсуството на одржлива визија за развој се сериозна закана по опстанокот на нашиот единствен град, под заштита на Унеско. За алтернативни решенија за заштита и развој на нашиот туристички бисер, како и заштитата на непроценливото културно и природно наследство ќе говорат:

  1. Проф. д-р Трајче ТАЛЕВСКИ – претседател на Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид и член на иницијативата „Охрид СОС”
  2. Проф. д-р Панче ВЕЛКОВ – визитинг-професор по стандарди за заштита на културното наследство при Академијата на Институтот за ликовни уметности од Чикаго. Тој е основач на невладината организација „Македонида“, чија цел е промоција и заштита на културното наследство.
  3. М-р Андреа ЈАНКОВ – магистер инженер архитект и претседател на организацијата „Го сакам Водно”.

Сите заинтересирани граѓани се добредојдени да ја проследат и да учествуваат во дискусијата.