(Видео) Јавните претпријатија во Битола ослободени од партиски војници
- Извадок од говорот на Горан Велески – Советник од Левица во Општина Битола
Кога започна со работа овој совет од самиот почеток и кога се формираа одборите, едно од нашите први барања до локалната самоуправа беше да има транспарентни одбори, односно сите политички структури да партиципираат во истите, а не до сега со партиски војници од актуелното мнозинство на локалната власт.
Ова барање беше одбиено претходно, но денес, без разлика од кои политички структури и поради кои причини имаме простор да бараме одговорност и да сносат одговорност оние кои не ги задоволиле потребите на граѓаните.
Одговорност треба да носи локалната власт и нивните поставени лица кои го водат градот.
Да направиме промена и одговорноста да ја понесеме сите политички субјекти кои ги претставуваат граѓаните односно да имаме увид и транспарентност во сите одбори.
Без разлика која партија колку освоила советнички мандати, треба да е јасно дека сите ние тука треба да работиме за граѓанскиот интерес и градот а таков начин на работа е кршење на копјата, транспарентни договори и едногласни одлуки.
Со шареноликоста во советот каков што е денес имаме предност за транспарентно и отчетно работење!