Вулин: Србија не припаѓа во ЕУ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, кој воедно е и еден од највлиателните личности во партијата предводена од премиерот на Србија, Александар Вучич, изјави дека Србија не припаѓа во ЕУ.

Вулин додаде дека, колку побрзо сфатат србите дека нивната земја не ја сакаат во Европската унија и дека за србите таму нема место, толку подобро ќе им биде, додавајќи дека односот со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“.

„Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, туку дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи по налудничавите уцени на кои не изложуваат, да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие дефакто не нѐ сакаат“, изјави Вулин.

„ЕУ како сојуз е минато, бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ станаа територии, а не држави“, заклучи министерот Александар Вулин.