(Видео) На Косово КФОР употреби шок бомби, а косовската полиција користи огнено оружје против насобраните Срби
Од утрово во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ е опсадна состојба. Граѓаните се собраа пред општинските згради опколени од косовските специјални сили и силите на КФОР.
Околу 16 часот и 30 минути дојде до жесток конфликт меѓу припадниците на КФОР и Србите кои седеле пред возилото на специјалците РОСУ, не дозволувајќи им да излезат.
Силни детонации одекнуваат во Звечан. Густ чад доаѓа од опожарени возилата на КПС, јавува репортерот на РТ Балкан. Одвреме-навреме се слуша и рафален оган.
Најмалку двајца Срби се ранети, од кои еден млад човек е тешко повреден од истрели од огнено оружје, откако припадниците на КФОР употребиле шок бомби, а припадниците на косовската полиција пукале со огнено оружје, пренесува „Косово онлајн“.
Двајцата повредени итно се пренесени во КБЦ Косовска Митровица. Како што јави репортерот на „Косово онлајн“ од местото на настанот, ситуацијата е крајно тензична. И репортер на Танјуг е повреден кога шок бомба паднала пред неговите нозе.
КФОР со своите војници ја покрива речиси секоја улица и агол во Звечан и формираше кордон меѓу полицијата и насобраните Срби.
Во Клиничкиот центар во Северна Митровица попладнево помош побарале 50 лица, а двајца во моментов се во операциона сала.
Силите на ЕУЛЕКС и КФОР се распоредени на влезот во Северна Митровица.
Хеликоптери на КФОР се уште го надлетуваат центарот на Звечани, а повремено се слушаат и експлозии. Пред зградата на општинското собрание се уште има припадници на КФОР, чиј број се зголемува, додека во општинската зграда се уште се припадници на специјалната единица на косовската полиција.