Тодоровски: ФСБ спречи терористички напади врз нуклеарните централи во Руската Федерација
ФСБ спречи терористички напади врз нуклеарните централи во Руската Федерација, кои беа подготвени од украинските специјални служби.
Осомничените се веќе приведени, а идентификувани се и нивните соучесници. При задржувањето се запленети 36,5 килограми пластид, кој се користи за американски експлозив Ц-4, 61 детонатор, 38 електронски тајмери и два пиштоли.
Според ФСБ, во пресрет на 9 мај, украинска диверзантска група планирала да поткопа повеќе од 30 столбови високонапонски далноводи на нуклеарните централи Ленинград и Калинин. Доколку успееле, тоа би довело до исклучување на нуклеарните реактори, прекин со работа на нуклеарните централи и можност за нуклеарна катастрофа. Диверзантите успеаја да кренат во воздух еден столб и четири столба да минираат од далноводите на нуклеарната централа Ленинград и да постават експлозив под седум столбови на нуклеарната централа Калинин – ФСБ.
Познато е дека за да ги извршат терористичките напади диверзантите ја преминале руската граница во регионот Псков.
Експлозивот бил прошверцуван во Русија, користејќи товарен канал од полскиот град Хелм до Литванија, а потоа до Белорусија. Како резултат на тоа, експлозиви беа доставени во областа Ржевски во регионот Твер.
Фејсбук пост на Дарко Тодоровски – Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар: