СДСМ во проблем да оцени што е европски, а што антиевропски

Подготувувајќи го теренот за уставни измени преку кои се врши бугаризација на Македонија, од СДСМ одлучија останатите политички партии да ги етикетираат како антиевропски, неколку дена, откако ги изгласаа законите за „Бихтел и Енка“ со европско знаменце, за кои од самата ЕУ потврдија дека се во целосна спротивност со нивната регулатива.

Имено, во денешното соопштение на СДСМ повикувајќи ги останатите опозициски партии да ги подржат и гласаат за уставните измени, тие користеа речиси исти аргументи како при промената на уставното име на Република Македонија, кога го лажеа народот да гласа на референдумот за да добие подобро образование, здравство, економија иli инвестиции.

За жал оваа аргументација е веќе одамна истрошена, бидејќи по промената на уставното име, наместо подобро здравство – добивме лекување преку СМС пораки и необезбедување лекови за луѓето болни од ретки болести. Наместо подобро образование – учениците ја завршија учебната година без учебници, а оние во Скопје дури и не одеа редовно на училиште поради лажни дојави за бомби. Наместо подобра економија, државата се гуши од инфлација, а прагот на сиромаштија е на највисоко ниво во последните години, додека од ветувањето за повеќе работни места, работниците се што добија е зголемено работно време од 40 на 60 часа седмично – што не само што не е далеку под европските стандарди, туку е далеку и од африканските стандарди.

ПР стратегијата на оваа партија очигледно е далеку од реалниот свет во кој живее обичниот човек, но затоа политичкото етикетирање кое беше карактеристично за груевизмот денес е надградено и проширено!