Левица е последен удар против корпоративната диктатура на СДС
- Реакција на Политичката Партија Левица
Во овој момент, народот заедно со #Левица во институциите се бори против најголемиот грабеж во историјата и најсилниот директен напад врз народните права и слободи. Без да заборавиме, повторно имаме потсетник од оние кои сакаат да уништат сѐ за кое работниците се бореле.
Анти-европската партија СДС, која се залага за поробување на нашите работници, злоупотребувајќи го европското знаменце насилнички и против Уставот на Република Македонија продолжува со шверц на закони за корпоративен феудализам.
Кога се соочуваме со крајно тешки времиња и историска кризи во која обичните луѓе се доведени до борба за преживување, СДС активно се обидува целосно да го одземе достоинството на нашиот народ.
За удоволување на корпоративните интереси бесрамно ја компромитираат европската интеграција и оправданоста на инструментите за правно усогласување. Обидите за воведување на 60 часовна работна недела ги заобиколуваат цивилизациските норми на овој век, но, ненаситната власт ќе направи сѐ да ги ограничи правата на работниците.
Како партија на трудот, Левица нема да дозволи на овие грабливци и злосторници без отпор да се богатат на грбот на работниците. На борбените линии против корпоративните паразити од СДС и ДУИ нѐ обединува класниот и националниот интерес – спротиставени против нелегитимните рехабилитатори на фашизмот и острицата на корпоративната диктатура.