Судот во Берлин ја укина забраната за истакнување руски знамиња
Властите во Берлин сакаа втора година по ред да забранат истакнување на руски и советски симболи на јавни места за „Денот на победата“, но оваа година Судот ја укина оваа одредба.
Управниот суд во Берлин ја укина забраната за истакнување руски знамиња и симболи на 8 и 9 мај, кога се одбележува крајот на Втората светска војна и победата над фашизмот, јави „РББ24“, повикувајќи се на извори од полицијата.
Берлинската полиција претходно соопшти дека втора година по ред забранува истакнување на знамиња и симболи на Русија, Украина и Советскиот Сојуз на советските споменици на 8 и 9 мај за да се избегнат судири. Оваа забрана не се однесуваше на дипломатите и воените ветерани, пренесува „Н1“.
Извештаите велат дека забраната за руски знамиња и симболи е исто така укината, вклучително и на настанот закажан за 9 мај на улицата „17 Јуни“ во германската престолнина, пренесе „Спутник“.