Годишнина од злосторството во Одеса: Запалени луѓе од омраза кон Русија
На 2 мај 2014 година во Одеса, во пожарот во зградата на Домот на синдикатите што го предизвикаа украинските националисти, хулиганите и разбеснетата толпа, загинаа 48 лица.
На тој ден на улиците на градот демонстрираа приврзаниците на обединета Украина кои беа проруски демонстранти. Тие кампуваа во импровизирана шаторска населба на Куликово поле. Во исто време фудбалските хулигани од натпреварот помеѓу Черноморц од Одеса и металците од Харков пристигнаа на истото место. Покрај нив беа и членовите на Десниот сектор кои беа таму за да ја бранат „својата кауза“. Многумина од нив беа вооружени со палки, синџири, молотови коктели и со шлемови.
Во масовната тепачка што настана меѓу двете групи имаше пукање, се фрлаа и молотови коктели кои ги запалија шаторите. Тој пожар беше само увертира за она што се случи во зграда на Домот на синдикатите, каде што проруските демонстранти се засолнија пред украинските националисти и хулигани. Полицијата веќе ја имаше изгубено контролата над ситуацијата и никого не заштитила.
Зградата на Домот на синдикатот беше запалена во голема еуфорија од собраната толпа пред неа, за што сведок се и телевизиските снимки.
Според изјавите на оние кои биле во зградата, во сите кои се обидувале да избегаат од пожарот користејќи ги помошните скали било пукано со огнено оружје. На пожарникарите не им бил дозволен пристап, а водата во зградата била исклучена. Оние кои се обиделе да избегаат од огнот скокајќи низ прозорците биле пречекани од толпата и безмилосно тепани. Најмалку осум лица, загинале обидувајќи се да побегнат скокајќи од прозорецот.
Во пожарот живи изгореа 48 лица а 240 се повредени.
„Целиот свет ги виде ужасните снимки од изгорените трупови. Уште пошокантни во нивната суровост беа кошмарните фотографии и снимки од луѓето кои скокаат од прозорците на зградата, а неонацистите ги докрајчуваа ранетите на земја … Киевскиот режим го повтори она што луѓето од Бандера го направија пред повеќе од 80 години во Хатин, Белорусија“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод годишнината од злосторството во Одеса.
На деветгодишнината од овие страшни настани, таа потсети дека никогаш не била спроведена сеопфатна истрага за овие настани.
„Сторителите на делото не беа казнети. Згора на тоа, многу од оние кои беа идентификувани на видео снимките каде јасно се гледа дека извршуваат масакр, не само што останаа на слобода, туку заземаа јавни функции во Украинската држава и да ве потсетам дека тоа е истата земја што изјави дека ќе биде лидер на демократијата во регионот“, изјави Захарова.