АктуелноЛокално

Левица: Уставни измени за државно финансирање на бугарската асимилаторска политика

  • Реакција на Политичката партија Левица

Во пресрет на почетокот на работењето на работната група за уставни измени, составена од партиски послушници на квислиншката СДС и балистичката ДУИ, Левица предупредува за фаталните правни последици од уставните измени по македонската држава.

Со внесувањето на „самоосвестени“ македонски Бугари во Уставот на Република Македонија, антимакедонските СДС и ДУИ свесно ја доведуваат Република Македонија во ситуација да финансира бугарска асимилаторска пропаганда со народни пари, и тоа:навлегување на бугарскиот јазик и култура во образовниот систем во Македонија како во времето на бугарската егархија од 19 век, преку државно финансирање на бугарски наставници и книги на бугарски јазик и писмо во училиштата во Македонија;

– емитување и финансирање на програми на Македонската Радио Телевизија кои го негуваат културниот идентитет на македонските Бугарите во Македонија, заснован на негирање на посебноста на македонскиот јазик;

– Основање и финансирање на бугарски културни центри, бугарски народни театри, библиотеки и други културни установи кои го поттикнуваат и афирмираат верувањето на „самоосвестени“ македонски Бугари дека македонскиот народ не постои;

– финансирање на проекти за афирмирањето на културниот идентитет на македонските Бугари и промоција на традицијата и историјата согласно нивното убедување.

Спремноста на ВМРО-ДПМНЕ да ги спроведе ваквите предавнички уставни измени во нов пратенички состав покажува дека нивната единствена грижа е доаѓањето на власт, а за таквата власт се подготвени заеднички со СДС и ДУИ да учествуваат во уништувањето на македонската држава.

Левица останува со македонскиот народ и жестоко ќе се спротистави на било какви обиди за внесувањето на антимакедонски елементи во Уставот на Република Македонија!