Левица: Поднесовме иницијатива за помош на бранителите од војната во 2001 година

  • Соопштение на Левица – ЛО Кавадарци

Од страна на Советникот од редовите на Политичката Партија Левица во Кавадарци – Круме Богевски беше поднесена иницијатива до Претседателот на Советот, со единствена цел – ослободување или процентуално намалување на давачки и надомести кон Општина Кавадарци за бранителите на Република Македонија.

Истата се состои од три предлог – мерки, преку кои во најмала рака би им се намалиле месечните давачки на семејствата, имено:

1. Ослободување од плаќање месечен надомест за посетување на јавни установи општински детски градинки од територијата на Општина Кавадарци;
2. Ослободување од плаќање месечен надомест за топол оброк (целодневна настава и дневен престој) во општинските основни училишта од територијата на Општина Кавадарци;
3. Ослободување од плаќање на сите видови давачки кон Општина Кавадарци (на сметката на О. Кавадарци).


На претстојната седница во четврток очекуваме конструктивни амандмани и предлози од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по што би формирале предлог-Одлука со конкретни мерки кои придонесуваат вратат барем дел од достоинството на оние кои први застанаа на браникот на татковината и безусловно се залагаа за сѐ она за коешто денес некои сакат да им го оспорат!