Локално

Спомен домот на Видое Смилевски руиниран- се уништува антифашистичката историја на македонскиот народ

  • Фејсбук статус на Мартин Димовски, советник од Левица во Општина Карпош

Спомен домот во Никифорово кој е распостранет на површина од 718 метри квадратни е целосно руиниран. Недостасува бистата од влезот, знамињата, платото пред куќата е оштетено, а целиот двор е запустен. Има оштетено неколку прозори, а преку нив не забележав дека во внатрешноста има било што од поставките кој ги имаше на старите фотографии од домот.

Во разговор со селаните ми беше кажано дека веќе неколку години спомен домот стои празен, а претходно бил изнајмуван за сместувачки капацитети. И они не знаеа точно каде се наоѓаат сликите и останатите предмети од Видое Смилевски – Бато.

Веднаш до спомен домот на Смилевски – Бато се наоѓа и спомен домот на Чеде Филиповски – Даме кој во 2002 година е преместен во нов објект од 15-тина квадрати каде се прикажани само дел од оние предмети и материјали кои се наоѓаа во големиот спомен дом на две нивоа, кој сега се користи како хостел.

Видое Смилевски – Бато е роден на 14 август 1915 година во Никифорово. Од 1941 година активно учествува во НОВ, а во 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ. За народен херој бил прогласен на 7 јули 1953 година. По војната постојано е избиран за член на ЦК на СКЈ, а од 1969 година е член на Претседателството на ЦК на СКЈ. Во периодот од 1963 до 1967 година е претседател на Собранието, а неговата должност ја наследува Мито Хаџивасилев – Јасмин. Умира на 8 септември 1979 година во Скопје.