АктуелноЛокално

Апасиев: Левица е единствена анти-естаблишмент партија, сите други играат по орото од Калето

Левица е очекувано да биде напаѓана и од лево и од десно и од центар, бидејќи е автохтоно политичко движење кое ферментираше децении пред да стане партија. Ние имаме поинакви национални погледи,“ вели во емисијата Тешки муабети, лидерот на Левица Димитар Апасиев.

– Не нема во јавноста, односно на телевизии, бидејќи им ги блокиравме милионите кои сакаа да ги земат. Левица ја нема заради пари, 7 милиони евра се во прашање, не убедуваа дека тоа било во јавен интерес. Ние се согласуваме дека треба да има едукативна програма, но зошто не ја пренесат владината програма бесплатно, наместо за толку пари.

Медиумите решаваат по директива да не не пренесуваат, а пренесуваат пајтон партии со небитни соопштенија. Нашиот став е во ситуација кога имате јавен радиодифузен сервис кој го праќаме, во таква ситуација другите медиуми треба да отстапат простор за нешто што е од јавен интерес, не пропаганда, туку едукативна кампања.

Има и странско замешателство во целата приказна, Левица е единствената антиестаблишменска партија бидејќи сите играат по орото од Калето и можно е да имало директива од некаде за Левица да се игнорира.

Среќа живееме во време на социјални медиуми каде со интелигентан ПР стратегија да пробиеме. И Енвер Хоџа беше дел од таа стратегија. Тој е контраверзен лик и во левичарските кругови, Хоџа се искарал со сите, бил со Русите па се скарал со Сталин, па со Тито, па со Мао, се искарал со сите.

Левица е најбрзорастечка левичарска партија на Балканот, – вели Апасиев.