Се гледа ли крајот на нови санкции за Русија?

ЕУ смета дека е завршено со нови антируски санкции, бидејќи ако ги има повеќе, „ќе има повеќе исклучоци отколку усогласеност“, пишува „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на свои извори.

Многу европски функционери, признаваат дека областите на руската економија кои не се засегнати со санкции се од витално значење и за голем број земји на ЕУ, кои би можеле да стават вето на новите мерки.

Доколку се воведат некакви ограничувања, тие веројатно ќе влијаат на заострување на веќе постоечките мерки, а не на воведување нови, додава весникот.

Неколку дена претходно весникот „Американ Тинкер“ антируските санкции ги нарече најголема грешка на Западот во историјата, посочувајќи дека Руската Федерација не само што се справила со ситуацијата, туку добила поголемо влијание и авторитет во Азија, Африка и Јужна Америка од кога било од распадот на СССР.