Поранешен потсекретар на американската армија се приклучува во одбраната на Тачи во Хаг
На одбраната на поранешниот лидер на ОВК Хашим Тачи, кому во Хаг му се суди за воени злосторства и злосторства против човештвото, се приклучува и американскиот адвокат и поранешен потсекретар на Армијата на САД од 1993 до 1997 година, Џо Роберт Ридер, пишува Љајми.
Рајдер ќе биде соработник на тимот предводен од адвокатите Грегори Кихо и Лука Мишетиќ.
Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а три дена подоцна, на 6 април, адвокатот на Тачи го известил шефот на Канцеларијата за одбрана дека би сакал Ридер да му помогне како собранител.
“Адвокатот ги достави сите релевантни документи во согласност со член 18 од Директивата за адвокати. Џо Ридер беше примен на листата на адвокати во согласност со член 7(3) и 18(1) од Директивата за адвокати. На 12 април 2023 г. Секретарот му одобри на г-дин Рајдер да му биде соработник на г-дин Тачи согласно член 18“, соопшти Специјалниот суд.
Џо Роберт Ридер, роден на 28 ноември 1947 година, е американски адвокат кој служел како потсекретар на Армијата на Соединетите Држави од 1993 до 1997 година.
Министерката за правда на Косово Аљбуљена Хаџиу пред неколку дена соопшти дека Владата досега издвоила 18 милиони евра за одбрана на водачите на ОВК на кои им се суди во Хаг.