АктуелноЛокално

Апасиев: ДПМНЕ направи салто-мортале со уставните измени, за да им се допадне на странците

  • Во емисјата „Аргумент плус“ на „Телевизија 24“ гостуваша пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, кој ги претстави партиските ставови по однос на обидот на власта за правење на Уставни измени, и односот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кон истото прашање. Според Апасиев ВМРО-ДПМНЕ е спремно да прифати уставни измени и тоа ќе го направи веројатно од позиција на власт.

„Широката коалиција на СДС и ВМРО си работи беспрекорно. Пред да станам пратеник мислев дека се различни партии и затоа нема прогрес во Македонија. Значи промената на уставот овој парламентарен состав нема да ја направи, ќе ја направи следниот кој ќе биде предводен од ВМРО-ДПМНЕ во првите сто дена!

Тие се иста таква вазалска партија како СДС, со цел да добијат амин од странците тие ќе го променат уставот. И точна е нивната во овој парламентарен состав нема да се промени Уставот.

Ова со „Хрватски модел“, е истото што го направи Димитров и Заев со Илинденска Македонија. „Спремен сум да водам за Илинденска“ тоа беше пробен балон и од тука од „хрватски“ ќе се сведе на француски односно бугарски предлог.

Технички гледано ДПМНЕ направи салто мортале, бидејќи даваа нотарски изјави дека нема да гласаат и одеднаш, при отварање на канализација, што е мошне сериозно Лидерот на опозицијата (кој патем речено не е пратеник, што е голем хендикеп за Мицкоски, затоа што да бидете лидер на опозиција а да не сте пратеник е потценување на пратеничката функција), одеднаш вика, ние ќе го менуваат Уставот по „хрватски модел“ и нас не викаат „Што е проблемот?“. – Па проблемот се Бугарите во Уставот! Проблемот е што не треба да има Бугари во Уставот!