„Да го зачуваме Лисиче“ – Иницијатива за борба против градежната мафија

  • Пред неколку дена во јавноста протекоа информации за измени во урбанистичките планови во населбата Лисиче, согласно кои се предвидува градење на нови згради на овој дел од Општина Аеродром. Жителите од овој крај, видно вознемирени од како што велат „бетонизацијата“ на нивната општина, формираат група „Да го зачуваме Лисиче“ – чија главна цел е борбата со градежната мафија.

„Ги повикуваме сите да застанат со нас против уништување на Лисиче!

Ние жителите на Населба Лисиче сме соочени со градежната мафија која сака да ја бетонизира нашата населба преку немилосрдниот предлог план на Општина Аеродром.
Ние се бориме да го зачуваме нашето соседство, мирот и спокојното живеење во нашите домови.

Населба Лисиче веќе е една од рекордно најзагадените населби и со предлог планот ќе биде тотално уништена! Да кажеме стоп на градежниот хаос кој заедно може да го спречиме!

Да го зачуваме Лисиче е соседска и надпартиска иницијатива“ – стои во првата објава на оваа иницијатива.