АктуелноИнтернационалноСтав

Богевски: Левица го блокираше законот кој беше во штета на локалните медиуми

  • Став на Круме Богевски, Координатор на Левица – Сектор Политички систем

Уште во ноември со 1.300 амандмани „Левица“ ја блокираше собраниската седница на Комисијата за транспорт и врски на која требаше да се расправа за предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Пратениците Апасиев и Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите. Со тоа се оневозможи обработката на материјалите и натамошниот процес за донесување на законот.

Со законски измени, владиното рекламирање повторно би се вратило во медиумите. Најголем дел од парите ќе ги земаат петте национални телевизии, а екстремно мал дел регионалните медиуми.

Праксата за носење штетни закони за тесни интереси се обидуваат повторно да ја наметнат. Оваа пракса која ја усоврши претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, некако ја укина СДСМ, ама сега пак ја враќа назад, затоа што изгледа е единствен начин да си ја врати целосната контрола над медиумите!

Левица останува на страната на слободните медиуми, останува во одбрана на локалните политики и известувачите за случувањата во локалната власт. Културните и забавните програми кои ги произведуваат и емитуваат локалните медиуми се во насока на поттикнување на културниот диверзитет во различни региони од Република Македонија.

Медиумите претставуваат многу повеќе од амплификатори на вазалската пропаганда на власта, па Левица нема да дозволи ништење на опстанокот на локалните медиуми!