Апартхејдот на Израел потполно на виделина (Вознемирувачко видео)

После вчерашната интервенција на израелската полиција врз верниците во џамијата Ал Акса во Ерусалим ситуацијата во регионот драматично ескалира.

Медиумите известија дека има повеќе од 350 Палестинци повредени, а 200 се уапсени.

Брутална интервенцијата на израелската полиција врз палестинските верници

Опколувајќи ја Ал Акса, израелската полиција се качила на кровот од џамијата, скршила некои од прозорците и употребила шок бомби, гумени куршуми и пендреци врз верниците кои биле во објектот. Некои од присутните во џамијата се обиделе да ѝ се спротивстават.

 Во текот на интервенцијата светиот храм бил претворен во „воена зона“.

Предупредување: Вознемирувачко видео

Од почетокот на Рамазан на 22 март, голем број муслимани обично преноќуваат во џамија, практика што е дозволена од Израел само во последните 10 дена од празникот. Израелците овие обичаи ги гледаат како провокација.

Инцидентот предизвика големи протести низ окупираниот Западен Брег, а израелската војска соопшти дека десет ракети биле истрелани од Газа кон Израел, откако сирените се активирале во јужните градови на земјата.

Инцидентот го осудија Јордан и Египет кои се вклучени како посредници во напорите за намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците.

Високиот комисионер за човекови права при Обединетите Нации (ООН) повика да се стави крај на окупацијата на Палестина затоа што во 2022 година е забележан рекорден број на убиени луѓе во тој регион.

„За да заврши насилството, треба да заврши окупацијата. На сите страни има луѓе кои го знаат ова“, подвлекол Волкер Турк во неговиот годишен извештај за ситуацијата.

И Кина е загрижена поради зголемените тензии и апелира до двете страни, особено до Израел, да покажат воздржаност, изјави специјалниот претставник на кинеската влада за прашањата на Блискиот Исток, Жаи Јуен. 

Тој оцени дека меѓународната заедница треба да преземе суштински мерки за брзо и соодветно решавање на палестинските прашања, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. 

Во 2022 година во меѓусебни пресметки починале најмалку 131 Палестинци и 13 Израелци.