АктуелноИнтернационално

Власта на Бајден го уапси Трамп

Поранешниот претседател Доналд Трамп беше уапсен неколку минути откако ја напушти Трамп Тауер. Колона од тајно обезбедување и полиција го придружуваа поранешниот претседател додека се упатуваше кон судницата, за да се изјасни за обвинението против него.

Трамп официјално стана првиот поранешен претседател кој се соочи со кривични пријави.

Тој се изјасни за невин по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја и неговата наводна улога во тајни плаќања на две жени при крајот на неговата претседателска кампања во 2016.

Со подигната рака Трамп ги поздрави подржувачите што беа собрани пред судот

Обвинението произлегува од истрагата за тајна исплата на порно актерката Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.

Обвинителите тврдат дека Трамп бил дел од нелегална шема за сузбивање на негативни информации, вклучително и незаконско плаќање од 130.000 долари за да се потиснат негативните информации што би ѝ наштетиле на неговата кампања.

Причината поради која сторил кривично дело фалсификување деловни книги е делумно и „промовирање на својата кандидатура“, се вели во обвинението.

„Од август 2015 година до декември 2017 година, обвинетиот организирал шема со други лица за да влијае на претседателските избори во 2016 година преку идентификување и купување негативни информации за него, со цел да го спречи нивното објавување “, се вели во обвинението.

Пред судот беа собрани толпи народ, вклучително и поддржувачи и противници, со транспаренти и овации.

Насобраните демонстрантите се судрија откако приврзаник на поранешниот претседател се обидел да го скине транспарентот на кој пишувало „Трамп секогаш лаже“.

Новинарот, кој има напишано и биографија за Трамп, рече дека обвиненијата веројатно нема да доведат до затворска казна, но може да донесат други казни, „вклучувајќи и обид тој да се спречи да се кандидира по трет пат“.

Околу бројните шпекулации за претстојното судење, синот на Трамп, Доналд Трамп Џуниор, сподели фотографија од отпечаток од раката со подигнат средниот прст, со натпис: „Изгледа легално, но не сум сосема сигурен“.