Актуелно

Портпарлот на ОН онеме пред едноставно новинарско прашање!

Портпаролот на Обединетите Нации, Фаран Хак (Faran Haq) понижен онеме пред новинар кој му поставуви едноставно прашање: „Дали мислите дека американското воено присуство во Сирија е нелегално или не?“

Имено, на почетокот, Портпаролот на ОН се обиде да го избегне прашањето со изговорот дека „сега тоа не е тема со која се занимаваме“, на што кинескиот новинар му предочи дека приството на војската и поседувањето на воени бази во трета земја без покана, ви-за-ви меѓународното право и слични декларации звучи како окупација?! Фаран беше и потпрашан за разликата помеѓу Сирија и Украина во овој контекст, а Фаран, како портпарол на ОН, одговори дека „во Сирија нема воени сили на САД“. На што новинарот повторно го праша дали е сигурен дека САД воено не се присутни во Сирија? За на крај кинескиот новинар да го потсети дека пред само неколку дена од Вашингтон беше обелоденето дека пет воени лица, припадници на безбедносните сили на САД биле повредени при напад во Сирија. Имено, како може да бидат повредени воени лица на САД во Сирија доколку САД воено не се присутни во Сирија, реторички ја заврши конверзацијата кинескиот новинар.

Ова само уште повеќе ја потврдува тезата дека Обединетите Нации се претворени во алатка на САД како хегемонска сила и дека нејзината улога во зачувување на меѓународниот поредок во рамките на меѓународното право е веќе ирелевантна.

Целото видео можете да го погледете подолу: