(Видео) Канадската министерка за спорт „демократски“ бега од новинарско прашање
Канадската Министерка за спорт Паскал Сент Онж низ ходниците на министерството бегаше од новинарско прашање. Прашањето беше поставено откако на Западот се роди идеја, на наредните Олимписки игри да им се забрани учество на руските и белоруските спортисти. Во прилог целиот разговор:
„Госпоѓо Сент Онж, имам прашање за Вас. Рековте дека не сакате руските и белоруските спортисти и олимпијци… се извинувам, ја прашувам како Министерка за спорт… не сакате руските и белоруските спортисти да учествуваат на Олимпијада и други спортски натпревари, но дали го имавте истиот став и кога САД го нападна Ирак? Или Авганистан?
Или канадските трупи, откако ги бомбардиравме… што е со канадските спортисти откако ги бомбардиравме Либија и Авганистан? Зошто не ми одговарате на прашењето, многу е едноставно?
Министерке Сент Онж, прашањето е многу едноставно. Што е со израелските спортисти? Израелците вршат педесет годишна окупација на Палестина. Зошто не им се стави забрана на израелските спортисти?
Зошто не можете да ми одговорите на прашањата?“