АктуелноИнтернационално

Сијарто: Западноевропските земји не се искрени за проширувањето на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто посочи дека мнозинството земји-членки иако јавно зборуваат дека го сакаат Западен Балкан во ЕУ, некои од нив „зад затворени врати“ силно се противат на проширувањето.

„Кога сме зад затворени врати, 27-те земји членки многу зборуваат против проширувањето“, рече тој и додаде дека има многу неискреност во официјалната позиција на ЕУ и дека тие не се подготвени да одат кон проширување.

„Никогаш нема да го кажат тоа отворено, но ако ги погледнете нивните постапки, постојано се загрижени, не се согласуваат со комисиите. Со тоа го забавуваат процесот. Ние апелираме да не го прават тоа, рече Сијарто.