АктуелноЛокално

Отворениот иредентизам на ДУИ и молкот на СДСМ како нивна пајтон партија

  • Соопштение на Левица – ЛО Кичево

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари ќе слави 10 години гордост на албанска власт во Кичево?

Почитуван градоначалник, дали е гордост тоа што во овие 10 години на албанска власт како што милувате да нарекувате, се изврши буквален егзодус со иселување на народот од Кичево? – Иселувањето не познава етникум, вера и нација.

Дали е гордост депонија на сред град, дали се гордост секојдневните напади кон граѓани од уличните кучиња? Дали се гордост тензииите кои скоро секојдневно ги предизвикувате кај народот со дискриминирање на останатите етнички заедници кои живеат тука, не само кон Македонците кои веќе во Кичево се навикнаа да бидат граѓани од последен ред? Гордост ли се партиските вработувања на нестручни кадри во клучни институции, кои не ни сакаат да научат, ниту да зборуваат на македонски јазик? Гордост ли ви се училиштата кои ги градите само во албанските села, а ученици има се помалку? На младите не им требаат нови граници, на младите им требаат нови фабрики,среден град , работа и убави услови за живот!

Кичево, од секогаш беше град за пример на соживот помеѓу граѓаните од сите етнички заедници.

Дали ДУИ со организирање на вакви прослави отворено сака да ни покаже дека се стреми кон иредентизам, национал-шовинизам и аспирации за федерализација на Македонија, заедно со нивниот коалиционен партнер СДС?

Дали е гордост да славиш албанска власт во држава која се ти дала, а не ја почитуваш?