Локално

Кратка тажна приказна наречена “Имати па немати”:

  • Фејсбук статус на Александар Левески

1. Levi Strauss се произведуваше во “Вартекс” од Вараждин.

2. Lee Cooper во “Беко” од Белград.

3. Wrangler се произведуваше во “Македонка” од Штип.

4. Puma се произведуваше во “Борово” од Хрватска.

5. Adidas во Планика (Словенија).

6. Boss се правеше во Diork (Крагуевац).

7. Javor во Ивањица (Србија) произведуваше 20.000 кошули месечно за светски извоз.

8. Текстилната фабрика “22.decembar” произведуваше униформи за војската и полицијата.

9. “Elan” од Словенија произведуваше скии кои ги возеше светскиот првак Ингемар Стенмарк.

10. Tomi мајонез, PEZ и Wrigley мастиките, денешни Орбит се произведуваа во “Kolinska” Словенија.

11. “Podravka” од Копривница во Хрватска покриваше 20% од светскиот пазар за зачини, а нивниот говедски гулаш беше дури и во воените пакети на некои светски армии!

12. Југословенската “Roland” класа на малини беше најскапата на пазарот, а Југославија беше најголем извозник на малини.

13. “Zastava” произведуваше 200.000 автомобили годишно кои 90% беа од делови од домашни кооперанти. Денес “Zastava” e дел од Fiat и го произведува моделот 600L, но процентот на вградени делови е обратен, 90% се од увоз.

14. Сараевскиот “TAS” произведуваше годишно 40.000 Wolksvagen Golf

15. “IMV Novo Mesto” произведуваше годишно 30.000 Renault возила. Денес таму се произведува исклучиво моделот Twingo.

16. “Cimos” произведувше Citroen возила.

17. Во Приштина се произведувше Peugеot.

18. “IDA” од Кикинда произведуваше годишно 10.000 Opel возила. Во нивните леарници се произведуваше и за Mercedes и BMW.

19. “FAP” од Прибој и “TAM” од Марибор произведуваа камиони и шлепери, а Zastava од Крагуевац произведуваше леснитранспортери.

20. “Ikarbus” произведуваше автобуси, а “TAM” мини-автобуси.

21. “Тomos” од Копер произведувше мопеди и вонбродски мотори. Нивната “penta” во тоа време бил најдобриот мотор во светот.

22. Фабриките Lada во Русија и 125pz во Полска ги пуштија во употреба во соработка со Fiat, заставините стручњаци.

23. Фаровите на словенечката фабрика “Saturnus” освен што се вградуваа во моделите на Zastava, се вградуваа и во Wolksvagen, Opel, Fiat.

24. “FRAD” од Алексинац произведуваше воздушни филтри за Mercedes, Morris, Fiat.

25. “HTD” од Охрид произведуваше брави, рачки за авто индустријата (меѓу друго и за целото советско производство).

26. Во Приштина се произведуваа амортизери за Zastava, Fiat и Opel.

27. Белградскиот “21 Мај” произведуваше мотори.

28. Постоеја неколку фабрики за автомобилски гуми и акумулатори (на пример Злетово батерии)

29. “Jugoplastika” од Сплит 40% од своето производство го извезуваше на европскиот пазар.

30. “Prvomajska” од Загреб произведуваше стругови, бушилици и опремуваше цели погони по светот.

31. “IMT” извезуваше 20.000 трактори годишно само за Египет.

32. Бродоградилиштата во Хрватска: “Uljanik” во Пула и “3.Maj” во Риека беа на светско ниво и произведуваа за странски партнери најголеми прекуокеански бродови, но од нивните погони излегоа и сите бродови од прочуената Jadrolinija.

34. Во “Uljanik” се призведуваа мотори за тие бродови.

35.Фабриките “Obod”, “Cer”, “Gorenje”, “Iskra”, “Rudi Čajavec”, произведуваа електрични уреди, телевизори, радиа, грамафони, касети и бела техника, а “Borac” од Белград произведуваше дури и апарати за еспресо.

36. “Iskra” во Словенија и “Digitron” во Истра уште кон крајот на 70-тите почнаа да склопуваат компјутери.

37. “Ei Nis” беше еден од најдобрите светски производители на лампи за радио и ТВ приемници (ги вградуваше во своите уреди дури и Phillips), а производство на ТВ приемници во боја започна пред Sony.

38. “Insa” од Земун произведуваше часовници.

39. Постоеја 3 фабрики за телефони. Еден модел на “Iskra” беше прогласен за најдобар на светот и изложен е во Њујоршкиот модел на современа уметност.

40. Постоеја две фабрики за сијалици, “Tesla” Панчево и “Tiz” Загреб.

41. Постоеја 3 фабрики за кибрити, од кои таа во Ријека произведуваше и парафински шкорчиња за извоз.

42. “Jugodent” од Војводина произведуваше и извезуваше во Африка и Индија стоматолошки столици.

43. “Soko” од Мостар произведуваше сопствено проектирани борбени авиони (Галеб, Јастреб, Орел, G4) и хеликоптерот Газела по француска лиценца.

44. Пиштолот на “Zastava” го користеше америчката полиција, а ловечката пушка беше најпродаван модел на пушка во САД.

45. Тенковите (по советска лиценца) целосно се произведуваа во кооперација меѓу фабриките во Славонски брод, Крушевац и Белград. Само Кувајт купил 10.000 од овие тенкови.

46.”Telеoptik” произведуваше жироскопи за цел свет.

47. Покрај “JAT” постоеше уште еден авиопревозник, “Inex Adria” кој во флотата имаше 9 Боинзи купени како компензација за Прашката шунка на “Црвена звезда” од Крагујевац и алат за режење од “FRA” од Чачак.

48.Фармацевтската индустрија снабдуваше 30% од пазарот на СССР, скоро половина Африка и Индија… Тука влегуваат компаниите “Лек”, “Крка”, “Плива”, “Галеника”, “Здравjе”, “Алкалоид”.

49. Голем број на импозантни згради ширум светот беа дизајнирани и изградени од „Енергопроект“ и „Босански енергоинвест“ – од браната Асуван, мостовите низ Африка и цели населени места во СССР, преку болниците во Либија, до Панама и Зимбабве.

50.”Шипад” Сараево опремуваше со мебел купишта хотели, болници и други установи ширум светот, а ги имаше стотици.

51. “Slovenijales”, Lesnina” и “Meblo” го извезуваа скоро целото производство на западниот пазар, благодарение на квалитетот и дизајнот.

52. “Jelovica” и “Шипад” извезуваа столарија во Австрија и Италија.

53. Имавме железарници во Скопје, Смедерево, Сисак, Зеница и Словенија, алуминиумски комбинати во Титоград и Скопје, фабрика за поцинкуван лим во Косово.

54. Севојно ја доби првата линија за пластификација на лим во Европа.

55. “Litostroj” произведуваше турбини кои беа вградувани во сите големи хидроцентрали во светот вклучително и во онаа на Нијагарините водопади во САД.

*Бонус СРМ (не РСМ):

– “Охис”, “Хемтекс” – водечки хемиски индустрии во поранешна Југославија,

– “ФАС 11-ти Октомври” една од најперспективните фабрики во Југославија со извоз на автобуси во источна Европа, Азија и Африка,

– “Треска” чиј капитал односно имот 80% беше на територија на бившите југословенски републики

– “МЗТ Скопје” без чии запчаници во преносните системи и менувачи југословенските борбени возила и тенкови немаше да се движат,

“Руен” од Кочани чии ламели се вградуваа во сите возила, – фабриката за хартија од Кочани (популарната Целулоза) во чии тетратки сите учевме и пишувавме,

– “Тетекс” од Тетово, гигант чии волнени кебиња се користеа во ЈНА и во сите хотелски капацитети, заедно со оние на “Отекс” од Охрид, …

Morning☕️