Левица: Пратеничките Олга Лозановска и Силвана Анѓелевска од ВМРО ДПМНЕ не гласале за амнестија на уставобранителите
- Реакција на ЛО Левица Битола
Битолските избранички и пратенички од редовите на ВМРО ДПМНЕ се меѓу нивните осуммина сопартијци, исто од ВМРО ДПМНЕ, кои не гласале за амнестија и слобода на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ.
За 11 месеци Олга Лозановска и Силвана Ангелевска зеле околу 1 000 000 денари патни трошоци од државата за да им вртат грб на народот и УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ кои неправедно се осудени и издржуваат затворска казна, додека нивните фамилии гладуваат.
Очигледно е дека личниот интерес на овие битолски пратенички им е најбитен. Собранието го сметаат како своина, во спротивно не ги почитуваат одлуките кои произлегуваат од народот.
Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска, ја тресе уште еден скандал.
Дали ќерката на пратеничката зела 30тина илјади евра за специјализација и не го испочитувала договорот да работи во клиничката болница во Битола
Дали е поведена судска постапка против младата Лозановска за злоупотреба на граѓански пари кои треба да ги врати што битолската болница ги платила за специјализација под услов да работи тука, а не во приватни болници во Скопје.
Прашањето е кого претставуваат овие пратенички од редовите на ВМРО ДПМНЕ, и дали воопшто се срамат од граѓаните на Битола.