АктуелноИнтернационално

Пакистан: Судир помеѓу народот и полицијата при обид да се уапси лидерот на опозицијата Имран Кан

Судирите меѓу пакистанската полиција и народот ескалираа пред домот на поранешниот премиер, Имран Кан, кого во средата полицијата неуспешно се обиде да го уапси опозицискиот лидер.

Во заштита на опозицискиот лидер, Имран Кан, насобраниот народ пред неговиот дом возврати со камења и молотови коктели откако полицијата отвори оган кон нив. Полицијата подоцна го прекина снабдувањето со електрична енергија во домот на Кан и ги исклучи уличните светла во населбата.

Подоцна во текот на денот, Кан им се обрати на своите поддржувачи, велејќи дека одбива да се предаде на полицијата бидејќи, покрај неколкуте обиди за атентат врз него има и смртни закани поради кои стравува за сигурноста на својот живот. “Кога последен пат се појавув на суд во Исламабад, не беше никако обезбедена сигурноста по моето здравје и живот“, рече Кан,

Кан преживеа обид за атентат уште во ноември минатата година, кога во него беше пукано од огнено оружје кое, за среќа, го погоди во нога.

Имран Кан тврди дека низата случаи како обвиненија против него, кои вклучуваат обвиненија за тероризам, се заговор на владата на неговиот наследник, премиерот Шахбаз Шариф, се со намера да се дискредитира неговата политичка активност како лидер на опозицијата и дека истите се политички мотивирани. „Стравувам дека судирот помеѓу народот и полицијата, моменталната власт на Пакистан ќе го искористи како претекст за да ме суспендираат од учеството на следните избори“, забележа Кан.

Имран Кан, како легитимно избран Премиер на ИР Пакистан, минатата година беше отсртанет од власт преку гласање во Парламентот, за што Кан тврди дека тоа всушност беше државен удар. Од неговото отстранување од позицијата премиер, Имран Кан води масовна кампања низ Пакистан, барајќи предвремени избори.

Во последнио твит со видео од судирот помеѓу полицијата и народот, Имран Кан се огласи со коментар дека „ренџерите пукаат директно во невооружени граѓани во паркот Заман како да напаѓаат непријателска сила на бојното поле.