Кси Џинпинг по трет пат е избран за претседател на Кина
Кси Џинпинг по трет пат е избран за претседател на Народна Република Кина и за претседател на Централниот воен совет на Кина на 14 Национален народен конгрес.
Тој положи заклетва дека ќе го почитува кинескиот Устав и стана единствениот претседател кој освои трет петгодишен мандат.
На изборите немаше друг кандидат, а гласањето на кое учествуваа 3.000 делегати траеше еден час, додека резултатите се пребројуваа електронски за 15 минути, пренесува Ројтерс.
На истата седница беше избран и новиот претседател на кинескиот парламент Жао Леџи, како и заменик-претседателот на Парламентот Хан Женг.
Се очекува во следните два дена да бидат именувани или избрани членови на кинеската влада, како и новиот кинески премиер Ли Кечијанг.
Во октомври минатата година, на 20-от Конгрес на Комунистичката партија на Кина, Си Џинпинг по трет пат беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.
Да потсетиме, Националниот конгрес во март 2018 година усвои уставен амандман со кој се укина ограничувањето на претседателскиот мандат на два последователни мандати, со што му се овозможи на Кси Џинпинг да владее на неодредено време.
Кси ја зацврсти својата власт откако Кина се отвори по напуштањето на нулта ковид политика, а посебен предизвик за земјата остануваат тензичните односи со САД и падот на наталитетот, што го загрозува економскиот раст.