АктуелноИнтернационално

Буџетот за одбрана на НР Кина се зголемува за 7,2%

НР Кина соопшти дека нејзиниот буџет за одбраната ќе биде втор во светот по американскиот, и е зголемен за 7,2% споредено со претходната година.

Издвојувањара за одбрана се повисоки од 2022 година, кога беа зголемени за 7,1 отсто, се наведува во извештајот на Министерството за финансии објавен на маргините на отворањето на годишното заседание на Секинескиот народен конгрес. Пекинг планира да потроши 1.553,7 милијарди јуани (225 милијарди долари) за одбраната, што е и натаму околу три пати помал буџет споредено со оној на Вашингтон.

Од НР Кина истакнуваат дека нејзината војска е чисто „одбранбена“ и дека тие имаат само една воена база во странство, во Џибути, во споредба со неколку стотиците воени бази ширум светот инсталирани од САД.

Независните експерти ваквото зголемување на воениот буџет на НР Кина го оценуваат како реакција на зголемените тензии како на Тајван, така и во Украина, за кои кинеските институции директно ја обвинуваат агресивната надворешна политика која ја водат САД и НАТО.