АктуелноЛокално

Мојсоска: Ковачевски дневно за реклами на фејсбук троши колку што едно семејство заработува за цел месец

Вчера во јавноста излегоа информации дека премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски потрошил 26.000 евра за спонзорирање на неговата страница на Фејсбук за период од само 100 дена.

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска искоментира дека премиерот дневно за реклами на фејсбук, трошел пари колку што некои семејства во државава имаат вкупни месечни примања. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот фејсбук статус:

„16.000 денари дневно само за спонзорирани објави трошел Ковачевски на личниот профил. Луѓе цел месец работат за таа плата.

Ама од кај би знаел Ковачевски, растен во функционерско семејство(татко градоначалник) со осигурано привилегирано работно место, почнувајќи од контроверзниот Маџар Телеком како отскочна даска.

Овие династии на функционери никогаш не го осетиле чемерот на сиромаштијата, неизвесноста во борбата за егзистенција, ниту пак стравот за како да се помине месецот.

И тие за себе сакаат да беседат дека се некакви “народни” претставници.“