АктуелноИнтернационално

Ким Јо Џонг: Светот ќе беше поубав, побезбеден и помирен доколку ги немаше САД

  • Изјава на Ким Јо Џонг, заменик-директор на одделот за јавни информации на Работничката партија на ДНР Кореја, објавена минатата недела.

Соединетите Американски Држави го изложија целиот европски континент на голема опасност од војна. Иако предизвикаа голема загриженост, сепак продолжуваат да ги преминуваат црвените линии.

Тие придонесоа за разгорување на светската криза преку обезбедување на Украина со големи количини воен хардвер. Неодамна најавија дека ќе ги испорачаат и своите тенкови МБТ, само појасно ја истакнат конфронтацијата на Западот против Русија. Зад се ова стојат злобните намери на САД за остварување на хегемонистичката цел со натамошно проширување на прокси војната за уништување на Русија.

Сега светот ќе беше поубав, побезбеден и помирен доколку ги немаше САД! Тие се најголемите криминалци кои претставуваат сериозна закана и предизвик за стратешката безбедност на Русија, со што ја втурнаа целата регионална ситуација во потешка фаза. Изразувам сериозна загриженост за американската ескалација изразена преку обезбедување на воена опрема на Украина за копнена офанзива и силно ја осудувам.

САД и другите западни земји го поткопуваат глобалниот мир и регионалната безбедност бидејќи испраќаат воена опрема и астрономски суми на пари во Украина, без притоа да се земат предвид безбедносните опасности кои ги предизвикуваат по Русија. Затоа, тие немаат ниту право, ниту оправдување да ги осудуваат суверените држави во остварувањето на нивното право на самоодбрана.

САД размислуваат за мобилизирање на воениот потенцијал на своите врвни марионети на анти-рускиот фронт, а да не зборуваме за севкупниот потенцијал на западните земји. Украинското бојно поле во никој случај не е пустина на Блискиот Исток каде што американските тенкови дивееја пред 20 години.

Не се сомневам дека секое оружје со кое се гордеат САД и Западот ќе изгори во пламен и ќе се претвори во старо железо пред немилосрдниот борбен дух и моќ на херојската армија и рускиот народ. Колку и да се обидуваат, сојузничките империјалистички сили се очајни, тие никогаш нема да ја ослабат херојската издржливост на руската војска и народот со висок патриотизам, тврдоглавост и силна ментална сила.

Ние секогаш ќе стоиме во истиот ров, заедно со армијата и народот на Русија, кои застанаа да го бранат достоинството и честа на државата, како и суверенитетот и безбедноста на својата земја.