АктуелноИнтернационално

Лавров: Голем број земји се заинтересирани за членство во БРИКС

Над дваесет нови земји сакаат да се приклучат во БРИКС и Шангајската организација за соработка (ШОС), изјави рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Бројот на земји кои сакаат да се приклучат на БРИКС и ШОС драстично се зголеми во последните две години, вклучувајќи ја и првата година од специјалната воена операција. Во моментов бројот на земји кои сакаат да пристапат во организациите е околу дваесет“, рече Лавров.

Првиот дипломат на Руската Федерација нагласи дека тоа се земји кои „играат навистина многу важна улога во нивните региони… Тука спаѓаат Египет, Турција, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Аргентина, Мексико и бројни африкански нации“, рече Лавров. „Самото наведување имиња укажува на неуспех на обидите [Западните] да ја изолираат нашата земја“, додаде тој. Според шефот на руската дипломатија, ефектот бил спротивен.

Според Лавров, државите се повеќе ги разбираат геополитичките промени кои се одвиваат и поради тоа што земјите сакаат да се чуствуваат независни имаат желба да се приклучат кон овие организации.

„Разбирањето на актуелните настани како и тектонските геополитички промени, земјите кои се чувствуваат независни и се водени од националните интереси, а не од нечии каприци, сакаат да се обединат со оние што ги сметаат за истомисленици. И тоа отвора огромна можност да комуницираме со нашите колеги“, заклучи Лавров.