Левица оддаде почит на историјата од која ДПМНЕ се срами а СДСМ ја распродава
- Соопштение на Левица – ЛО Прилеп
На денешен ден, пред 79 години Кузман Јосифоски Питу умира во престрелка со бугарски војник-фашист. Тој бил еден од главните организатори на антифашистичкото движење во Македонија и поради своите залагања и неуморност во 1945 година е прогласен за Народен херој на Југославија, еден од првите седум македонски борци кои го добиле овој орден.
Во негова чест, денес во Прилеп беше посетена неговата родна куќа, од членот на Президиум на Левица и Координаторот на ИЕ 4, Бранко Ристов заедно со советникот Методија Костоски и членството на ЛО Левица Прилеп, проследена со обраќање на Кустос и полагање на цвеќе пред неговиот споменик.
Неговата посветеност за борбата против фашизмот секогаш ќе биде наша водилка а неговото херојство никогаш заборавено. Слава му!