По земјиштето кај „Стариот театар“ – ДПМНЕ и ДУИ го „продадоа“ и велешкото езеро
Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира беспрекорно, како од времињата на груевизмот. Пред неколку дена, Советниците од Левица соопштија дека градоначалникот од ДПМНЕ, Колев со помош на гласот од советникот на ДУИ го продаде земјиштето кај стариот театар, денес тие го продадоа и крајбрежјето на велешкото езеро Младост.
Ниту барање со собрани потписи од локалните жители, ниту барање за суспензија на ДУП, долгите дискусии во советот од страна на советниците на Левица како и иницијативата за изградба на современ парк не успеа да го разубеди градоначалникот Колев да застане на правата страна, да покаже слух и разбирање за штетните одлуки кои ги носи, – стоеше тогаш во соопштението од партијата.
Еко-активистот од „Гринпалер“ и Советник од Редовите на Левица, Игор Смилев соопшти дека без транспарентност се продадено овие парцели, од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој за време на кампањата се колнеше дека нема да го продаде.
„Под превезот на тишината и мракот, со нула транспарентност и без помпа, брутално се продадени двете најатрактивни парцели на велешкото езеро Младост, иако градоначалникот Колев се колнеше дека ниту еден метар квадратен нема да биде продаден, на својата фејсбук страница напиша советникот од Политичката Партија Левица во Велес“, Игор Смилев.
На неговата критика се приклучи и Советникот Димитар Абрашев, кој додаде дека и покрај борбата од нивна страна и бројните реакции на граѓаните, локалната власт на ДПМНЕ не покажала слух, кон оние од кои се избрани.
„Сите еколошки здруженија од Велес реагираа, организиравме трибина на која сите стручни лица беа едногласни дека не смее да се дозволи дополнителна урбанизација на крајбрежјето на езеро Младост, но тоа не го разубеди градоначалникот‘‘.