АктуелноИнтернационално

Мексико се освести, го национализира своето минерално богатство

Странските компании нема да можат да ископуваат литиум во Мексико откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор потпиша декрет за забрзување на национализацијата на наоѓалиштата на земјата и предавање на сите права за литиум на Министерството за енергија.

Литиумот е „новата нафта на Мексико“, едно од најголемите наоѓалишта во светот е во Сонора, северна покрајна која граничи со САД. Само  десетина земји ја снабдуваат растечката побарувачка за литиум низ целиот свет, но во Сонора се работи за површина која содржи литиум во огромни количества. За да се процени колку е точно, канадската компанија  Bacanora Lithium и кинеската компанија  Gangfeng Lithium работат на истражувачки активности на терен.

Се шпекулира дека Мексико има околу 443 милиони тони литиум. За споредба во Австралија има 62,8 милиони тони, Чиле 8,6; Аргентина 1,7; Кина 1 милион; САД 630.000; Канада 370.000 тони литиум.

Во Мексико десетина странски компании имаат право на експлоатација на овој минерал, Обрадор рече дека сите нивни дозволи ќе бидат преиспитани. Литиумoт се користи во производството на паметни телефони, батерии за автомобили и други електронски уреди.

Да ја направиме „државата сопственик на овој стратешки минерал“, рече Обрадор. „Она што го правиме сега… е да го национализираме литиумот за да не може да го експлоатираат странски компании од САД, Канада, Кина или било кој друг“, додаде Обрадор.