Синот на Џафери станува обвинител – Сопругата на Муцунски станува судијка

Академијата за судии и јавни обвинители ја објави ранг листата со конечните резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за седмата генерација слуштатели. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители.

Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека положил правосуден испит пред да дипломира е 42-ри на ранг листата и е во групата на идните јавни обвинители.

На оваа ранг листа е и сопругата на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази, која е 51-ва на ранг листата и таа како и синот на Џафери ќе биде јавен обвинител.

Сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, Симона Муцунски Бубевска пак е четврта на ранг листата во редот на судиите. 

Меѓу оние со завршен испит се синот на судијата во Виш управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи. Тој треба да биде јавен обвинител исто како и синот на судијата во Апелација, Енвер БеџетиЈетмир Беџети.

Со ваква партизација на судството не е ни чудно што македонскиот народ има едвај 7-8% доверба во судството