Путин: Целта на Западот е неограничена моќ – Планетата е заглавена од воените бази на САД
Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович – Путин, на денешниот говор во „Гостини Двор“ пред Федералното собрание, изјави дека целта на Западот е неограничена моќ за управување во светот и додаде дека Русија мора да го штити својот дом и животите на луѓето.
На почетокот на излагањето, Претседателот рече дека пред една година започна специјална воена операција за заштита на историските земји и обезбедување на безбедноста на луѓето. „Ние ги штитиме животите на луѓето, нашиот дом, а целите на Западот се неограничена моќ“, рече Путин.
Во насока на доставувањето на оружје и муниција со долг дострел во Украина, рускиот претседател додаде дека колку повеќе оружје се донесува, до толку подалеку армијата ќе мора да го одалечи од руската граница.
„Колку повеќе западни системи со долг дострел ќе дојдат во Украина, ќе бидеме принудени за толку подлабоко да ја оддалечиме заканата од нашите граници. Тоа е природно!“ – рече Путин.
Во продолжение тој констатираше дека ниту една земја во светот нема толкав број воени бази во странство како САД и како што вели планета е „заглавена“ од нивното оружје.
„Сакам да потенцирам, всушност тоа им е добро познато на сите. Ниту една земја во светот нема толкав број воени бази во други држави како САД, ги има стотици. Ќе нагласам, стотици бази ширум светот! – Целата планета е заглавена, само погледнете ја картата“, рече Путин за време на годишното обраќање пред Федералното собрание.