ДПМНЕ и СДСМ не се разликуваат во ништо по однос на надворешната политика
- Изјава на Реџеп Исмаил – Хактан – член на Презедиумот на политичката партија Левица
Во гостување на емисијата „Тешки муабети“ на веб каналот на „Инфомакс“, членот на Презедиумот, Реџеп Исмаил – Хактан изјави дека двете „најголеми партии“ во Македонија не се разликуваат во ништо по односот и своите во надворешни политики, додавајќи дека немаат никаква критичност кон она што претставува закана за Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат ист однос кон Западот, беспоговорно прифаќаат се што ќе се каже оттаму“, – вели членот на Президиумот на Левица.
Реџеп Исмил смета дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира со патриотските чувства на своите поддржувачи.
„Не мислам ништо лошо, но ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира сопствените искрени членови, оние што имаат голем потенцијал за промена, тие се гасат, се издишуваат токму со пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ. ‘Како ние дозволуваме да има врховистичка пропаганда во Македонија?’ – Тоа е резултат на дејствијата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, – изјави Исмаил за Инфомакс.