Изјавите на Стејт департментот на Крим го потврдуваат воинствениот однос на САД кон Русија
Руската страна ја смета „оваа позиција на Вашингтон како нескриена манифестација на воинствениот однос на САД кон нашата земја‘‘, истакна портпаролот на руската амбасада во САД Игор Гиренко
Изјавите дадени од висок функционер на Стејт департментот за поддршка на украинските удари врз Крим се јасна потврда за фактот дека САД се директно вклучени во конфликтот, додека Москва ја смета оваа позиција како нескриена манифестација на воинствениот однос кон неа според коментар на портпаролот на руската амбасада во САД Игор Гиренко објавен во четвртокот.
Америнанскиот државен потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд претходно изјави дека Вашингтон ги подржува нападите на Украина врз воените објекти на Крим. „Изјавите на висок функционер на Стејт департментот на 16 февруари за поддршка на Украинските воени сили во извршувањето на нападите на Крим се јасна потврда за ставот на Русија дека САД се директно вклучени во конфликтот. Официјалниот претставник призна дека администрацијата ги поттикнува амбициите на режимот во Киев да ја нападне нашата земја‘‘, се вели во коментарот.
„Што е најважно, ова не се само реторика на Вашингтон, туку конкретни акции. САД активно го снабдуваат Киев со модерни системи кои се користат за пукање врз руските региони. Тие ги советуваат украинските воени лидер. Де факто, тие планираат иперации заедно. Локалните експерти отворено признаваат дека Американците учествуваат во нишанењето на оружјето‘‘, истакна дипломатот.
„Поттикнувањето на криминалците од Киев да го нападнат Крим е исто како да ги туркате да ги нападнат Москва или Владивосток‘‘, рече тој, додадвајки дека руската страна ја смета оваа позиција на Вашингтон како нескриена манифестација на воинествениот однос на САД‘‘
„Конечно треба да стане очигледно за целата меѓународна заедница дека САД се вистински поттикнувач на конфронтација во Украина. Сепак, обидите на Вашингтон да ги искористи Украинците за да ни нанесат стратешки пораз се осудени на пропаст. Никој не може да има ни најмало сомневање дека Русија ќе ги заштити своите граѓани и територија‘‘, нагласи Гиренко.
Нуланд претходно во фондацијата Карнеги за меѓународен мир со седиште во Вашингтон рече дека САД ги сметаат воените објекти на Крим легитимни цели за нападите на Украина. Украина ги удира додека САД го поддржуваат тоа, рече таа, додавајки дека Украина нема да биде безбедна доколку Крим не миде минимум милитаризиран. Ова е дел од обезбедувањето одржливо одвраќање на Русија, истакна Нуланд.
По државниот удар во Украина во февруари 2014 година, владите на Крим и Севастопол одржаа референдум за приклучување кон Русија, на кој 96,7 % од Кримјаните и 96,5% од гласачите во Севастопол избраа да се отцепат од Украина и да се приклучат во Руската федерација. Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша договорите за повторно обединување на 18 март 2014. Документите беа ратофикувани од федералното собрание на Русија, или дводомниот парламент, на 21 март. И покрај огромните резултати на референдумот, Киев и Вашингтон се уште одбиваат да го признаат Крим како дел од Русија.