Хакерите бараат 476 милиони долари за да ги вратат податоците на ФЗО

Хибридна војна која се води моментално во Европа ја зафати и Македонија. ИТ системот на Фондот за здравство е хакиран со помош на вирусот „ransomware“. Ова го откри премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција. Со експертски тимови од Германија како и од други партнерски држави се работи на отстранување на проблемот.

Неофицијално, хакерите бараат откуп за да ги вратат податоците и се бара надохнада во биткоини, и тоа 20.000 коини, дознава МКД.мк од свои неофицијални извори од оваа институција. Моменталната цена на биткоинот е 23.800 долари, што би значело неверојатни 476 милиони долари.

Ransomware е вирус кој е дизајниран да се шири низ мрежата и да таргетира сервери за бази на податоци и датотеки, и на тој начин може брзо да ја парализира цела организација.

На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членки на НАТО. Од вакви напади не беа поштедени ни нашите соседи Албанија и Црна Гора.