(Видео) Мојсоска: Искоренување на сиромаштијата и корупцијата – не на идентитетот и историјата

  •  Јована Мојсоска член на Презедиумот при политичката партија Левица за “Утрински печат’.

Не морате да бидете голем познавач на работите за да увидите дека секој предлог кој е позитивен за еден анти-македонист како Румен Радев, е погубен за нас.

Бугарија ја користи Европската Унија за да ја наметне својата интерпретација за историјата. Во меѓувреме, т.н. “историска комисија” потклекна пред секое бугарско политичко барање.

Искривувањето на историјата не може да биде услов за евроинтеграции. Правилата треба да бидат јасни, содржани во Копенхашките критериуми и треба да се говори за корупцијата, организираниот криминал, сиромаштијата, владеењето на правдата и други прикладни аспекти.